Перо Антиќ во новата видео реклама на Ozone Gold – Блокирајте ја болката со Ozone Fix

Дури и шампионите не се имуни на болка.

Независно дали се работи за спортскиот терен или за теренот на секојдневниот живот, болката сериозно може да ја наруши нашата  хармонија и продуктивност.

Тоа многу добро го знае и нашата спортска ѕвезда Перо Антиќ.

Тој е нашето водечко лице за новата рекламна кампања за еден од нашите најпродавани продукти: Ozone Gold Fix Cream (Озонираната крема против болка).

Со своето долгогодишно искуство на кошаркарскиот терен, Антиќ сведочи за тоа колку е значајно да го најдете најефикасното решение да ја блокирате болката, наспроти тоа болката да го загрози квалитетот на вашиот живот.

Затоа неслучајно Озонираната крема против болка е еден од нашите најпопуларни продукти, кои на многу задоволни корисници им помогнал на брз и ефикасен начин да се ослободат од спортски повреди, болки во мускулите, зглобовите, колената, половината и вратот, мигрена, синуси, мускулна тензија …

Специјално формулираната 100% природна крема на база на озонирано маслиново масло во комбинација со етерични масла, ефикасно и брзо се бори против ревматските и мускулните болки, како и болките во зглобовите.

 Ја намалува мускулната тензија, релаксира и има антиинфламаторно и имуностимулативно дејство.

Оваа крема дејствува длабински, а кожата брзо ја апсорбира, што значи и дека не остава масни флеки.

Нанесете го кремот на болните точки и масирајте, за директно да го почувствувате аналгетскиот ефект и да се ослободите од болката која ве спречува во нормалното функционирање.

Шампионско решение против болка, кое продира длабоко и делува ефикасно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.