Германија – една од земјите од кои се креираат современите практики и апликации на озонската терапија

Терапијата со озон и нејзиното користење со веќе добро докажани ефекти и минимални несакани ефекти е главниот поттик за континуирана употреба во подигнувањето на човековото здравје.

Од 1950 години на минатиот век значително се зголемува истражувањето, но и собирањето на поголем број на студии, креирање на здруженија за проширување на информацијата за делотворните аспекти на озонската терапија.

1957 година др. Ханслер патентирал генератор на озон кој служел како основа за проширување на озонот во Германија. Во 1961 година др. Ханс Волф за прв пат воведува голема и мала автохемотерапија со употреба на озон.

Во 1971 година Волф и професорот Зигфред Рилинг го основаат Германското медицинско друштво за терапија со озон.

Во раните осумдесетти години на минатиот век е создаден германски медицински учебник наречен „Медицински озон“ и не многу потоа била одржана и првата меѓународна медицинска конференција за озон во Вашингтон. До крајот на 1987 година др.Рилинг и др. Ренате Веибан ја објавуваат својата „Употребата на озонот во медицината“ што претставува темел за апликациите за озонска терапија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.