ЗОШТО Е ПОТРЕБНА ДОПОЛНИТЕЛНА НЕГА НА КОЖАТА ОД ЛИЦЕТО И ВРАТОТ ВО ЛЕТНИОТ ПЕРИОД

Поради често изложување на директното дејство на сончевите зраци, високите температури и брзото губење на течности во летниот период кожата воопшто, а особено кожата на лицето и вратот станува посува и склона кон побрзо стареење и затоа бара дополнителна нега.

Производите со заштитен фактор наменети за нега на лицето треба да содржат и дополнителни состојки за хидратација на кожата. Кога кожата е дехидрирана делува уморно, со различна текстура на суви површини, чувствителна и со можност за лупење или перутање.

Затоа во кремите за лице за летниот период треба да ја има и хијалуронската киселина која пред се се користи за нега против стареењето на кожата. Со помош на оваа киселина се задржува и врзува водата која потоа ги исполнува празнините помеѓу ткивата, со што ѝ овозможува елстичност и полност на кожата. Како резултат на тоа се намалува  создавањето на брчки, се подобрува хидратацијата на кожата и се поттикнува природното производство на колаген во кожата.

Дополнително како додадена состојка која ќе ја поттикне дополнителната хидратација е и алое вера. Екстрактот од алое вера во комбинација со хијалуронската киселина обезбедуваат и до 12 часовна хидратација на кожата. Доколку имате проблематична кожа, и кожа склона кон акни и митесери тогаш потребно е да користите длабинско чистење на кожата, и потоа крема која нема да биде тешка на вашата кожа, која ќе остави да „дише“ и нема да ги затнува порите. Озонираното маслиново масло има антибактериски својства кои прават еден вид на „дезинфекција“ на кожата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.