Стручно-едукативно предавање на тема „ХПВ асоцирани болести“  во „DoubleTree by Hilton“ под покровителство на Ozone Gold

(20.04.2022, Скопје) Вчера во Хотелот „DoubleTree by Hilton“ во Скопје под покровителство на OZONE GOLD се одржа стручно едукативно предавање кое во својот фокус ја постави темата „ХПВ асоцирани болести“.

Настанот беше во организација на Македонско здружение за Хуман папилома вирус (МЗХПВ) во соработка со Македонско здружение за цервикална патологија и колпоскопија (МЗЦПК) и Македонското лекарско друштво (МЛД), а во рамките на едукативната програма свое излагање имаа етаблирани стручни лица од медицинската фела.

Проф. Д-р Горан Димитров, специјалист гинеколог, претседател на Македонско лекарско друштво и Македонско здружение за цервикална патологија и колпоскопија, нѐ воведе во предавањето со свое стручно излагање на темата „ХПВ и асоцирани болести“.

М-р Д-р Наташа Теовска Митревска, специјалист дерматовенеролог, потпретседател на Македонско здружение за сексуално преносливи болести, претставник за Македонија за интернационална унија за сексуално преносливи болести, стручно елаборираше на темата „Комплексност во менаџирањето на мукокутани и орлани лезии асоцирани со ХПВ“.

Д-р Весна Пљакоска, специјалист дерматовенеролог, претседател на Македонско здружение за сексуално преносливи болести, имаше свое стручно обраќање на темата „Тераписки модалитети и третман на кондиломи со eCO2 ласер“.

Едукативното предавање беше заокружено со презентација на дел од богатата палета производи на Ozone Gold со потенцирање на нивната докажана ефикасност во третманот на ХПВ.

Во овој контекст беше посочено дека благодарение на својот состав базиран на чист медицински озон и ладно цедено маслиново масло, производите на Ozonе Gold на различни нивоа може да се користат кај ХПВ инфекции.

Во продолжение издвојуваме дел од придобивките:

Ozone Factor – Првата озонирана капсула за орална озонотерапија

Озонираното маслиново масло во капсула Ozone Gold е доволно моќно за зајакнување на имунолошкиот систем и подобрување на виталноста, бидејќи озонот е антиоксидант што му помага на телото да се снабдува со кислород и брзо да ги елиминира габите, бактериите и вирусите и да се одбрани од болести. Освен останатите придобивки кои ги нуди, исто така, особено важно е дека може да се користи и кај ХПВ инфекции, главно за да го зајакне имунитетот, бидејќи тоа е главната негативна страна на вирусот и едно од основните решенија на проблематиката поврзана со овој вирус. Колку е послаб имунитетот, толку ќе му биде полесно на вирусот да нападне и да прогресира во високоризичен HPV или во најлош случај, канцер.

OZONIZED CREAM WITH 160mg OZONE

Озонирана крема со 160mg озон е 100% природен препарат кој содржи само озонирано маслиново масло. Кремата се користи генерално за нега на длабоки рани и лузни, рани од декубитус и многу други бактериски инфекции и го забрзува зараснувањето на кожата. Може да се користи и за третман на ХПВ инфекции кои предизвикале појава на папиломи на кожата на дланките и стапалата, поретко на лактите и колената, ублажувајќи ги болките и чешањето кое го предизвикуваат, чистејќи ја самата папилома и просторот околу неа. Исто така, може да се користи за третман на кожата после отстранување на папиломите, со цел да спречи останување на лузни по интервенцијата.

OZONIZED OIL WITH 40mg OZONE

Озонираното масло со 40mg озон ја забрзува циркулацијата на крвта со дезинфекција на површината на која е нанесено и помага при: брчки, иритации, воспаление на усната слузокожа, проблеми со забите и гингивата, акни и дамки. Исто така, наоѓа примена во третман на папиломи предизвикани од ХПВ вирусот, кои се појавиле на поосетливи места како што се плоснати брадавици на лицето или челото. Исто така, наоѓа примена и во третман на кондиломите кои се појавуваат на надворешните гениталии или анусот.

OZONIZED OIL WITH 80mg OZONE

Озонираното масло со 80mg озон ја забрзува обновата на клетките со обезбедување на интензивен кислород и помага при: алергии, дерматофити, изгореници и отворени рани, херпеси, изгореници од сонце, иритации, воспаленија, убоди од инсекти, сипаници, акни и дамки. Исто така, може да се користи за третман на ХПВ инфекции кои предизвикале појава на субунгвални или периунгвални брадавици (под ноктите и околу ноктите или кутикулите) и плоснати брадавици кои се појавуваат најчесто на рацете, лицето и телото, намалувајќи го чешањето и иритацијата на кожата.

INTIMATE HYGIENE SPRAY

Спрејот за интимна нега, главно помага во одржување на општата хигиена на гениталните делови на телото. Уште од првата употреба помага при отстранување на вагинален исцедок, мирис, иритација, кандида. Наменет е за внатрешна и надворешна употреба и може да се користи неколку пати во текот на денот. Исто така, може да спречи ширење на кондиломите во внатрешноста, на грлото на матката и анусот.

На настанот со физичко присуство беа присутни 80 луѓе, додека пак, со онлајн присуство беа присутни 110 луѓе. Бројната публика присутна на предавањето беше запознаена и со новите ТОП 3 производи со кои неодамна беше збогатена палетата на Ozone Gold: Крема за раце со озонирано маслиново масло (75ml), Kрема против егзема (15ml) и Сет креми против псоријаза PSO Cream 1 (100ml) и PSO Cream 2 (50ml).

Детални информации за сите производи на Ozone Gold, како и за тоа кои се придобивките од истите, може да најдете на www.ozone-gold.mk.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.