Озонска терапија како одговор на бројни здравствени проблеми

Општо познат факт е дека озонската обвивка што се наоѓа во горните слоеви на атмосферата го штити живиот свет на Земјата од штетната сончева ултравиолетова радијација. Но, малку познато е дека озонот штити и од различни болести и штетни состојби во организмот, па честопати се користи и во медицински цели.

Голем број здравствени истражувања ги потврдиле позитивните ефекти на озонот при третирање на различни болести, а доказ за благотворното влијание на озонот врз целокупниот организам е тоа што озонската терапија се користи уште од 19 век до денес, секојдневно потврдувајќи ги позитивните резултати од нејзината употреба.

Зголемување на имунитетот, забрзување на циркулацијата, одложување на процесот на стареење, намалување на стресот и на хроничниот замор, подобрување на концентрацијата се само дел од придобивките од користењето на озонот. Истовремено, овој гас е и природен антибиотик кој за кратко време ги уништува упорните вируси, бактерии и габички. Озонот уште се нарекува и чудотворен борец против овие бактерии и вируси со оглед на тоа дека различни медицински истражувања спроведени во изминатите години покажаа дека тој е природен антибиотик кој за многу кратко време и многу поефективно ги уништува и најупорните „штетници“ во организмот.

Резултатите од истражувањата покажуваат дека личностите чиј организам е потхранет со озон имаат подобар имунитет, поубав тен и многу поведро расположение. Студиите на различни германски и руски лекари потврдија дека озонот во голема мера го зајакнува имуниот систем и енергетскиот потенцијал на организмот.

Во светски рамки постојат повеќе различни начини на кои луѓето може да се изложат на позитивните влијанија на озонот, односно свесно да го користат за подобрување на целокупната здравствена состојба. Така, постои метод на ректална инсуфлација кој се изведува во здравствени установи. Преку овој метод на на пациентите преку цевка им се внесува озон во телото. Понатаму, постојат различни комори и шатори со озон, како и озонски сауни во кои овој гас се апсорбира преку порите на телото. Друг метод е земање на крв од пациентите која во специјална постапка се збогатува со озон и повторно се враќа во телото на луѓето.

Поголемиот дел од овие методи се покомплицирани и се одвиваат во специјални установи сертифицирани за вакви постапки. Поради тоа, се смета дека наједноставен метод за внесување на озон е орално конзумирање на озонирана вода или пак капсули збогатени со озон.

Lini një Përgjigje

Adresa juaj email s’do të bëhet publike. Fushat e domosdoshme janë shënuar me një *

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.