Озон – чудотворен гас за подобрување на концентрацијата и меморијата

Речиси и да не постои студент за кој испитните сесии се еден од најтешките периоди во текот на студирањето, период во кој нивниот организам е исцрпен од долготрајното учење и под постојан стрес од претстојните испити. Несоница, вознемиреност, константен замор, губење апетит, дополнети со слаба концентрација, се здравствените проблеми со кои се соочуваат студентите додека учат и се подготвуваат за полагање на испитите.

Всушност, испитните сесии се период кога на организмот му е потребна дополнителна енергија и стимуланс којшто ќе ги отстрани негативните ефекти од заморот и стресот, но во исто време ќе ја подобри мозочната активност на студентот и ќе му помогне да ја задржи концентрацијата на високо ниво. Постои еден совршен елемент за сето тоа – озонот. Овој гас, кој во природата го штити живиот свет на Земјата од штетните ултравиолетови зрачења, во медицината важи за чудотворен терапевтски стимуланс. Имено, досегашните истражувања покажале дека озонот има многу позитивно влијание врз процесите во организмот, односно ја подобрува циркулацијата, а со тоа и мозочната активност, односно концентрацијата и меморијата. Во ситуации на зголемен физички или психички напор озонот е вистинска бомба која го подигнува имунитетот и на организмот му дава уште повеќе сила.

Луѓето го откриле позитивното дејство на озонот уште пред два века, така што овој гас се користи за медицински и терапевтски цели уште од 19 век. Многубројните истражувања покажале дека луѓето чиј организам е изложен на дополнителни концентрации озон освен присутните во атмосферата имаат подобар, зајакнат имунитет и ведро расположение. Овој гас извонредно делува врз нервното ткиво, го подигнува нивото на интелектуалната способност, ја зголемува концентрацијата и го поттикнува размислувањето, односно го зголемува комплетниот енергетски потенцијал на организмот.

Во светот постојат неколку начини за да се внесе дополнителна количина озон во организмот, но голем дел од тие методи се комплицирани и може да се применуваат само во специјализирани здравствени установи кои се сертифицирани за тоа. Сепак, постојат и поедноставни методи кои може да се применат и во домашни услови, како што е на пример директно вдишување озон преку маска, пиење озонирана вода или конзумирање капсули кои се збогатени со озон.

Lini një Përgjigje

Adresa juaj email s’do të bëhet publike. Fushat e domosdoshme janë shënuar me një *

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.