Придобивките од озонска терапија и производите од озон

  1. На почетокот да разјасниме за гледачите, што е тоа озон и како се употребува?

Озонот (О3) е гас кој настанува со хемиска реакција на атомот на кослородот (О) со молекуларниот кислород (О2). Озонот е пронајден уште во 1783 година, а своето име го добива по озеинот, благодарејќи на необичниот мирис кој настанува при ударите на гром за време на силните бури. Никола Тесла, пак, го открил генераторот за озон, кој го дистрибуирал преку својата компанија во вид на озонирано маслиново масло. Медицинскиот озон уште од 1856 година се употребувал за дезинфекција на операционите сали, како и дезинфекција на водата од микроби, а во Холандија е востановена првата станица за прочистување вода со помош на озон. За време на Првата светска војна со озон се лечеле рани, гангрени и затруеност од отровни гасови. Озонираната вода, на пример, во историјата се употребувала за лекување на артритис, ревматизам и други болести на зглобовите. Од друга страна, со озонирањето на маслата се добива гел кој може да се користи за третирање на гливични инфекции, убоди од инсекти, акни и други проблеми на кожата.

  • Што може да се третира со озон, какви својства има?

Докажано е дека озонската терапија има антибактериско, антивирусно, антигливично, антиоксидативно и имуностимулативно дејство. Многубројни светски истражувања потврдуваат дека озонот го зајакнува имунитетот и енергетскиот потенцијал на организмот за два до четири пати. Озонот претставува природен антибиотик кој за кратко време ги уништува вирусите, бактериите и габите. Дополнително, бројни студии покажуваат дека корекцијата на хроничниот оксидативен стрес предизвикана од порастот на антиоксидантните ензими при апликација на озон ја зголемува диференцијацијата на еритробластите. Ова резултира со значителен пораст на еритроцитите и ги прави отпорни на оксидативен стрес.

Озонската терапија има мултипликаторно дејство на целиот организам. Најважните карактеристики се дека:

  • го стимулира производството на црвени крвни клетки со што овозможува висок степен на кислород во крвта, долго време по завршувањето на лекувањето.
  • го зголемува нивото на интерферонот до девет пати
  • го поттикнува создавањето на TNF (tumor necrosis factor).
  • го поттикнува излачувањето на IL-2, еден од главните фактори на имунолошкиот одговор на човекот
  • Зошто кај нас не е многу позната озонската терапија?

Озонотерапијата се користи долго време во земјите ширум светот. Безболниот и природен третман со озон помага кај постоперативното опоравување и лекување на бројни повреди и болести, па дури и тумори, а често се користи и во стоматологијата. Озонот има позитивно влијание на зацелување на раните, стимулација на имунолошкиот систем, оксигенизација и проток на крвта во ткивото. Сепак, неможноста тој да се употребува во домашни услови, го намали неговото распространување. За среќа, во последно време се разви иновативен пристап во претворање на екстра вирџин ладно-цеденото масло во крема по природен пат со помош на озон. На овој начин, озонот се внесува преку ултраквалитетно маслиново масло за помош на целиот организам. Најлесен начин за внесување на ваквото озонирано маслиново масло во организмот е преку капсули, а кај нас и во регионот познати се капсулите на OZONE GOLD. Озонот, исто така, е исклучително силен бактерицид. Метаболизмот кај повеќето бактерии нема ни приближно таква противоксидативна можност како човечката клетка, што ги чини исклучително чувствителни дури и на ниско ниво на озонот. Уптребата на озонот во гинекологијата и породувањето се покажала делотворна во следните ситуации: спонтани абортуси, EPH-гестози, анемија во бременоста, раните токсикози, фетоплацентарната инсуфициенција

  • Што е со заштитата на кожата, и специфичните проблеми кои се појавуваат на кожата?

Еве на пример, значајно е да се споменат специјалните креми со медицинска намена од OZONE – Озонирана крема со 160mg ОЗОН и Озонирана крема против болка. Првата, Се употребува при црвенило предизвикано од иритација, набиеници, акни и мозолчиња, изгореници, хемороиди, херпеси, испукани пети, рани на кожата, лузни од акни, рана од царски рез, дамки, дијабетични рани, инфекции кои се појавуваат на кожата, постоперативен белег, рани од долго лежење (лат.: Decubitus). Додека таа против болка е зајакната со природни масла, стапува во интеракција со супстанциите кои предизвикуваат болка намалувајќи ја болката и подобрувајќи ги рефлексите на болка. Помага при мигрена, синуси, главоболка предизвикана од стрес, ревматска болка, болки во коленото, зглобовите и коските, болка од истегнување, удар, помодрување на мускулите и модринки, болки во половината и вратот, болка од проширени вени, менструални болки и колит, болки во рамото и раката, болка во градите, болка поради недостаток на калциум.

  • Спомнавте повеќе придобивки за организмот, а сме слушнале и за употребата на озонот во козметиката. Има ли вистина дека озонот помага во подмладување и регенерација на кожата?

Улогата на озонот во подмладувањето е многу важна затоа што ја зголемува ефикасноста на антиоксидативните ензими, кои понатаму го уништуваат вишокот на слободните радикали. Затоа, во последно време тој најмногу се користи во медицинската козметика на лицето и телото, каде што станува популарно средство за подмладување. Познати се кремите кои го забавуваат стареењето, во ноќна и дневна варијанта, кремите за хидратација, но и кремите со заштита од сонце. Во програмата која постои кај нас, постојат и производи за заштита на косата, како и поттикнување на нејзиниот раст, кои се зајакнати со арган.

  • Доаѓа летото, а најважното прашање станува целулитот и виткото тело. Дали може нешто да се постигне на брз и ефикасен начин?

Здравата храна и правилното и постојано вежбање се вистинскиот одговор на ова прашање. Па сепак, значајно е да се напомене дека во склоп со квалитетната храна постои начин да се зголеми и забрза ефектот. Озонот помага и во ослободување од целулит. Бидејќи озонот се аплицира и локално, со него може да се елиминира подбрадокот и наслагите на целулит на бедрата и стомакот (го забрзува метаболизмот, ги согорува масните наслаги). Озонот го дополнува целокупниот третман на телото и кожата и лесно може да ја одржи постоечката состојба, па дури и да ја подобри.

Lini një Përgjigje

Adresa juaj email s’do të bëhet publike. Fushat e domosdoshme janë shënuar me një *

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.