Како да ја хидрирате сувата кожа во ладните месеци

Црвенило, Кожата е груба на допир, Чешање, Иритирана кожа, Испукана кожа сува кожа

Кожата реагира на ладна температура и промена на годишното време. Сигурно сте забележале дека во ладните месеци од годината, кожата станува сува и иритирана.

Ладното време и сувиот затоплен воздух во просториите ја одземаат влажноста од кожата. Ова ја остава кожата сува, груба и го нема нејзиниот природен сјај. Сувата кожа се појавува на сите делови од телото кој се изложени на „елементите“.

Но за среќа постојат начини на кој можеме да се заштитиме од сува и оштетена кожа.

Знаци на оштетена кожа

Најчестите „симптоми“ на сува кожа се Црвенило, Кожата е груба на допир, Чешање, Иритирана кожа, Испукана кожа.

Медицинското име за сува кожа е xerosis. Симптомите можат да варираат во изглед и интензитет зависно од тоа на кој дел од телото е оштетена кожата.

Како да спречите сува кожа?

Сувата кожа не е неизбежна. Со промени во вашата рутина за нега на кожа и користење на соодветните производи за нега на кожа можете да ја одржувате ваша кожа мека, мазна и здрава преку целата година.

Користење хидратантна крема по секое миење

При секое миење на лице, раце или тело, приодните масла на кожа се мијат. Овие природни масла се клучни за да ја задржат влагата во кожа и е неопходно да се заменат по миење. Затоа е важно да се користи хидратантна крема по секое миење на кожата, особено во ладните месеци од годината.

Потсетник! Оставете хидратантна крема на мијалник во вашата бања или носите со вас каде и да одите така нема да зборовите да го искористете по миење.

Ова е особено важно во овој период на пандемија кога многу почесто треба да ги миеме рацете за да се заштитиме себе си и сите околу нас.

Ozone Gold хидратантна крема со 15SPF е особено ефикасна во спречување на сува кожа. Хидратантната крема  на Ozone Gold содржи Алое Вера и Хијалуронска киселина за да ја вратат еластичноста на кожата и загубената влажност а озонираното маслиново масло ги надополнува приодните масла на кожата и формира физичка бариера на површината на кожата и не дозволува понатамошна загуба на влага.

Дневно користење на крема за сонце

Поради кратките денови и помалку дневна светлина, можеби мислите дека е време да се исфрли кремата за сонце од дневната рутина. Дури и за време на зима, штетните УВ зраци можат да ја пробијат водната бариера на кожата, што е витална за одржување на влажноста и здравјето на кожата.

Обидете се секојдневно да нанесувате хидратантна крема со заштитен фактор. Американската асоцијација на дерматолози препорачува да се користи крема со најмалку 30SPF заштитен фактор.

Ozone Gold крема за сонце со заштитен фактор 50SPF овозможува оптимална заштита од УВА и УВБ зраци. Притоа, ја штити кожата од штетните влијанија на сонцето, а интензивната формула ја одржува кожата влажна. Брзо се апсорбира, не остава наслаги или боја. Базирана е на вода, и не ги храни фоликулите на кожата со што би се нарушил естетскиот изглед на скалпот.

Ноќна рутина за кожа

Ноќна рутина е одличен начин да се ревитализира кожата и да се спречи сува кожа. Ноќните креми се одлични за навлажнување на кожата. Но затоа што овој тип на крема е потешка и е потребно подолго време да се впие во кожата.

Нанесувајќи ноќна крема и дава време на вашата кожа во текот на ноќта правило да ја апсорбира кремата за да може да ја хидрира, негува и да ги врати потребните природните масла.

Ozone Gold ноќната крема против стареење со формулата со озонирано маслиново масло и алое вера делува ефикасно за намалување на брчките. На кожата и дава цврст и еластичен изглед. Оваа моќна формула овозможува дополнителна убавина на кожата.

Ви треба дерматолошки совет?

Контактирајте го нашиот специјалист дерматолог Прим.Др. Весна Матевска Цифревска овде 

Lini një Përgjigje

Adresa juaj email s’do të bëhet publike. Fushat e domosdoshme janë shënuar me një *

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.