Неодамна Џоу Муџи, професор и предавач на Кејси универзитетот во Токио и претседател на институтот за урбанистичко истражување Клауд Ривер “Cloud River Urban Research Institute” 1 објави сеопфатна публикација2 во која ги претставува своите ставови за улогата на озонот во борбата против настинките, вирусите и бактериите.
И пред еден век, озонот (О3, бледо сино гас со специфичен мирис) се користел за дезинфекција, стерилизација, елиминација на некои мириси и отрови, складирање на производи, белење на ткива што го прави одличен за употреба во голем сегмент на внатрешна и надворешна нега и заштита. Како силен оксидирачки агенс, оваа супстанција го потиснува преголемиот раст и репродукцијата на микроорганизмите и активно придонесува за одржување на еколошката рамнотежа во организмот, но и во природата, истакнува професор Муџи.
Три најзначајни придобивки од озонот
Дезинфекција на простории – уште во 19 век медицинскиот озон се користел за дезинфекција и стерилизација на операциони сали и простории, пред и пост оперативни простори каде имало потреба од беспрекорно чисти услови за одржување на здравјето на луѓето.
Венско третирање – Се почеста е озонска терапија преку венски третман што овозможува директно антиинфламаторно и антибактериско делување во крвта на лицето со тешка клиничка слика.
Третман преку капсула – третман кој се препорачува за секојдневна употреба за заштитување на организмот од сите вируси, бактерии и настинки, со подигнување на имунолошкиот систем кој се добива преку природните антибиотски дејствија на капсулите кои се комбинација на озон и ладно цедено масло. Уште повеќе, само со различна доза се препорачува превентивна но и третманска терапија од овие озонирани капсули.
- Наслов на публикација “Ozone: A powerful weapon to combat COVID-19 outbreak”, w.china.org.cn/opinion/2020-02/26/content_75747237_4.htm
- Преземено од http://www.china.org.cn/opinion/2020-02/26/content_75747237.htm