Акни и митесери се најчест проблем на кожата на лицето кој го добиваме од пубертет па ако добро ги третираме се смируваат и исчезнуваат. Но што ако сеуште сме во фаза во која ги третираме, а летното време само ни ги влошува резултатите. Зголемената температура, потењето, а со тоа и зголеменото наталожување на бактерии и други надворешни влијанија прават само да се потенцираат. Секој што е склон на акни, знае дека е битка да пронајде производи што смируваат, негуваат и што е најважно од сè, да не допридонесуваат во креирањето на митесери.
Многу од нас имале искуство каде кремите со УВ заштита допринеле во избивањето на дополнителни митесери во текот на летниот период. Но сме користеле бидејќи знаеме дека изложеноста на УВА и УВБ зраците предизвикува предвремено стареење, меланом, оштетување на кожата во вид на кафени дамки, брчки.
Но, сепак неносењето на крема со СПФ фактор на кожа која е склона кон акни, прави, вашата кожа да биде поранлива и можност за развивање на други кожни проблеми, како на пример рак на кожа. Затоа е важно да најдете крема која ќе одговара на вашата кожа, но и ќе го третира проблемот со акни.
За најдобри резултати но и нега на вашата кожа, ви препорачуваме неколку сегменти кои мора да ги сочинува кремата со СПФ заштитен фактор:
- Кремата да биде лесна за нанесување и да не остава тежок маслинест слој кој дополнително ги затвора порите на вашето лице.
- Да има смирувачко дејство кое ќе допринесе во третирање на вашата кожа
- Да има хидратантно својство со што ќе ја обезбеди потребната влажност на кожата и до 12 часа
- И најважно од се да има антибактериско и антиинфламаторно дејство со што со секое нанесување ќе создаде одредена бариера и дезинфекција на кожата
Ваквите бенефити можете да ги најдете во линијата за нега на кожа на лице на Ozone Gold.
- хијалуронската киселина за дополнителна хидратација која претставува една од основните состојки во конективното ткиво на нашата кожа и ја помага цврстината, еластичноста и мекоста на самата кожа.
- aлое вера помага во намалување на брчките, но и во регенерирање на кожата. Тој значително ја подобрува еластичноста, а со тоа и ја редуцира појавата на тенките линии.
- И секако озонирано масло кое има антисептички и антибактериски бенефити. Со секое нанесување правите и еден вид на „дезинфекција“ на кожата со тоа што ги „отстранувате“ сите бактерии кои се размножуваат на нашата кожа и создаваат несакани последици како акни, воспалувања и црвенила.