Токму најмалиот дел од сончевиот спектар ( UV спектарот) е биолошки најактивен и најодговорен за акутните и хроничните оштетувања на кожата.
UVA зраците продираат подлабоко во кожата оштетувајќи го нејзиниот среден дел (dermis). Одговорни се за пигментација и предвремено стареење на кожата.
UVB зраците се апсорбираат во најгорниот слој на кожата (epidermis) и се одговорни за акутниот одговор на кожата во форма на црвенило и изгореници при прекумерно изложување на сонце, кое води до дегенерација и стареење на кожата.
UVA и UVB зраците се една од причините за зголемување на ризикот од појава на карциноми на кожата.
UVC зраците ги апсорбира озонската обвивка и тие не доаѓаат до земјината површина.
Земјината воздушна обвивка запира повеќе од 95 % од UV зраците и затоа прашањето околу “озонските дупки” и загаденоста на воздухот не губи од својата актуелност.