ШТО Е OZONE GOLD?

OZONE GOLD е линија на уникатни производи, изработена според најсовремените стандарди и е наменета за подобрување на здравјето и негување на убавината. Производите на овој германски бренд се произведуваат во сооднос со добра производствена пракса и највисоки стандарди на квалитет. Главните состојки на OZONE GOLD производите се природното ладно цедено маслиново масло (EVOO), кое се добива од сочните и зрели маслинки од медитеранското поднебје и чист медицински озон (O3), кој се добива со посебен технолошки процес.

ОЗОН

Озон (O3) е збогатена кислородна молекула која природно се наоѓа во стратосферата на Земјата. Неговата примарна задача е да ја заштити Земјата од штетните ултравиолетови зрачења на Сонцето, така што го апсорбира најголемиот дел од тоа зрачење. Во медицината, озонската терапија се користи за дезинфекција, третман на одредени медицински состојби и оштетени ткива со помош на кислород и активна стимулација на имунолошкиот систем. Терапијата со озон овозможува антибактериско, антивирусно, антифунгално, антиоксидантско и имуностимулаторно дејство што е потврдено со бројни научни студии.

Озонот е моќен антиоксиданс, кој за неколкупати го стимулира и зајакнува имунитетот. Значењето на неговото дејство, Никола Тесла го има прикажано во своите истражувања, па го препорачувал уште тогаш, а го користел и самиот. Особено е корисен за популацијата во урбаните средини, каде што загаденоста на животната средина (земјиштето, водата, воздухот) е особено голема. Озонот како моќен антиоксиданс, со своето дејство го доведува организмот во неопходната рамнотежа и го заштитува од многу штетни влијанија од надворешната средина.

Познато е дека многу болести настануваат како последица на насобирање на токсини во телото, предизвикани од намалена концентрација или недостаток на кислород во телото. Многу истражувања, одамна укажуваат на тоа дека озонот има значајна примена во медицината и затоа сѐ почесто се применува за медицински и козметички цели.

МАСЛИНОВО МАСЛО

Маслиновото масло (EVOO), поради своите корисни состојки, веќе со векови се употребува во традиционалната медицина ширум светот и исклучително е пожелно да се користи, како за подобрување на здравјето, така и за нега на убавината.

Изобилува со витамините (А; D; E; K), а покрај витамините, маслиновото масло содржи и хлорофил, лецитин, каротен и полифеноли, кои го намалуваат нивото на „лошиот” LDL холестерол, помагаат во зачувување на мозочните активности и го подобруваат помтењето.

Поради своите карактеристики, антиоксидансот влијае на сузбивање на негативното дејство на слободните радикали, кои можат да го нарушат здравјето. Бројните истражувања докажале дека лековитото дејство на овој производ, делува, како кај сузбивањето на воспалителните процеси, така и кај контролирањето на умерено посакуваните пигментации во текот на сончањето, па сè до превенција на најтешките болести.

Маслиновото масло позитивно влијае на цел организам и се препорачува негова секојдневна конзумација. Екстра девственото маслиново масло содржи 75% од својата масленост во облик на олеинска киселина, која е задолжена за поволен однос на LDL и HDL холестеролот.

На нашиот пазар, OZONE GOLD е единствена линија на производи, која комбинира озон и маслиново масло, две моќни состојки кои со своето синергетско делување, манифестираат изразено позитивни ефекти при редовната примена.

КОЗМЕТИЧКА ПРИМЕНА НА ОЗОНОТ

Озонот е познат по тоа што ги елиминира токсините, од таа причина во последно време највеќе се користи во козметиката за лице и тело, каде што е популарно средство за подмладување на кожата, поткожните ткива и ослободување од целулитот.

Ретко кој од нас може да се пофали со беспрекорен тен и блескава кожа на лицето и телото. За кожа која што се бори против стареење, умор, токсини и различни неправилности, производите на OZONE GOLD се вистинскиот избор. Озонот има повеќекратна примена и благодарение на тоа што многу ефикасно ги уништува повеќето несакани бактерии, вируси и габи на кои кожата е изложена. Со тоа OZONE GOLD, штити од зараза, истовремено забрзувајќи ја циркулацијата и ја освежува уморната кожа.

Озонот забавува, но и спречува многу фактори на стареење и процеси на заболувања, кои во нашиот организам се случуваат без наше знаење.

КАКО СЕ ПРОИЗВЕДЕНИ НАШИТЕ ПРЕПАРАТИ?

За да се постигнат посакуваните позитивни ефекти, за Ozone Gold производите неопходно е:

  • Знаење
  • Искуство
  • Креативен пристап
  • Технолошка иновација

Кремите со медицинскиот озон ја забрзуваат циркулацијата на крвта, а со тоа олеснуваат брза дезинфекција и оздравување на површината на кожата, помагаат кај брзата обнова на клетките на кожата и сето тоа благодарение на високата содржина на кислород. Процесот на производство е целосно природен.

Производите не содржат адитиви, хемикалии, конзерванси или стабилизатори. Производите со озон имаат изразена антиоксидативна функција.