Освен на сонцето, кожата секојдневно е изложена и на други надворешни влијанија, ветер, дожд, снег, греење во тек на зимата и др, кои заедно со генетските предиспозиции и начинот на исхрана и навики, исто така може да предизвикаат промени и да го забрзаат процесот на стареење на кожата. Затоа е потребна секојдневна нега која треба да е прилагодена на типот кожата и возраста.
Редовната нега на лицето се состои од 4 основни чекори :
- чистење – миење со неагресивни средства за отстранување на нечистотиите, шминката, маснотиите и потта
- тонирање – премачкување со тоник за освежување, хидрирање и враќање на природната pH на кожата
- нега – нанесување на соодветен дневен, ноќен и препарат за околу очи со цел хидрирање, хранење и регенерација на кожата и/или додатоци против брчки во зависност од возраста и типот на кожата
- заштита – нанесување на средства за UV заштита со SPF фактор од 30-50, па и повисок
Дали станува збор за утринска или ноќна нега, горенаведените ритуали / чекори се оптимални за вистинско третирање и нега.
Без разлика на годишното време кремот за хидратација и против стареење со СПФ 15 е одличен за секојдневно користење а со тоа и вистинска заштита и нега на кожата во текот на целата година. Покрај УБА и УБВ заштитата кремата во себе содржи состојки кои обезбедуваат дополнителни благодети за кожата на лицето:
- хијалуронската киселина за дополнителна хидратација која претставува една од основните состојки во конективното ткиво на нашата кожа и ја помага цврстината, еластичноста и мекоста на самата кожа.
- aлое вера помага во намалување на брчките, но и во регенерирање на кожата. Тој значително ја подобрува еластичноста, а со тоа и ја редуцира појавата на тенките линии.
- И секако озонирано масло кое има антисептички и антибактериски бенефити. Со секое нанесување правите и еден вид на „дезинфекција“ на кожата со тоа што ги „отстранувате“ сите бактерии кои се размножуваат на нашата кожа и создаваат несакани последици како акни, воспалувања и црвенила.
Како дополнување во летниот период се препорачува и кремата за сонце со СПФ 50 која покрај озонираното маслиново масло има интензивната формула ја одржува кожата влажна.