Како да го вратиме здравјето и сјајот на нашето лице?

Дали го приметувате уморот на вашето лице? Се појавила уште една брчка повеќе, а кожата ја губи својата еластичност и свежина? Едноставно, не сте задоволни со тоа во каква состојба е?

Стареењето е нормален процес со текот на годините, што ги вклучува и сите промени кои се случуваат со кожата на нашето лице. Ние секако стареењето не можеме да го спречиме, напротив може само да уживаме во него со тоа што пред сè ќе бидеме задоволни од самите себе и од нашиот одраз во огледалото.

А меѓу другото, за да се постигне тоа задоволство, потребна е посебна грижа за нашата кожа која со годините бара сè повеќе внимание и нега.

Како се менува кожата низ годините, така се менуваат и нејзините потреби.

Кои се првите знаци на стареење на кожата?

-Дехидрираност

-Брчки + ситни линии

-Уморна кожа

-Темни кругови

Што се случува со нашата кожа?

Во твоите млади години, на почетокот на дваесеттите – твојата кожа е дебела и мазна, но со текот на времето произведува помалку клетки, кожата станува потенка и помалку еластична и почнува да изгледа уморно или дехидрирано. Сувоста се зголемува подоцна во животот како резултат на губење на масните жлезди. Кај жените се јавува хормонална смена за време и околу менопаузата, бидејќи се намалува естрогенот и како последица на тоа, твојата кожа може да ја намали влажноста. И сето тоа доведува до стареење на кожата.

Но, можеме да го вратиме нејзиниот сјај и здрав изглед. Како?

Сетот од двете озонирани креми: Хидратантна крема против стареење (дневна крема) и Крема против стареење (ноќна крема), се максимално ефикасен тандем кој ќе ѝ го врати сјајот, влажноста и здравиот изглед на вашата кожа на лицето.

Благодарение на комплексот за навлажнување кој потекнува од озонираното масло, хијалуронската киселина и Алое вера, Ozone Gоld дневната крема, овозможува влажност на кожата до 12 часа и ја штити од стареење. Кожата е заштитена од сушење поврзано со стареење и помага да се поврати младешкиот изглед на кожата.

Формулата на озонирано маслиново масло и Алое вера во составот на ноќната крема на Ozone Gold, делува ефикасно за намалување на брчките. На кожата ѝ дава цврст и еластичен изглед. Притоа, оваа моќна формула овозможува дополнителна убавина на кожата.

За двојно подобар ефект, користете ги двете креми во сет (преку ден и навечер).

Ние веруваме во моќта на природата!

Lini një Përgjigje

Adresa juaj email s’do të bëhet publike. Fushat e domosdoshme janë shënuar me një *

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.