И покрај користењето на крема за сонце со заштитен фактор поголемата изложеност на сонце може да резултира со оштетувања, црвенило од кои потоа ќе се „лупите“.
Пред се од голема важност е да останете хидрирани. Пијте многу вода, но и често нанесувајте хидрирачки лосион на самото место. Црвената оштетена кожа станува сува со што потоа доаѓа до пукање, чешање и дополнителни иритации.
Покрај хидратацијата можете да ненесете средтсво кое помага во регенерацијата на кожата, хранење и одржување на нејзината еластичност.
Озонираното маслиново масло ја забрзува циркулацијата на крвта со дезинфекција на површината на која е нанесен. Ја забрзува обновата на клетките со обезбедување на интензивен кислород.