Што се УВБ и УВА зраци и како да ја заштитам кожата на моето лице?
Една од најактуелните теми во летниот период се штетните ефекти на ултравиолетовото (УВ) зрачење на кожата и како да се заштитиме од нив.
Пред се ултравиолетовата светлина е невидлива за луѓето, бидејќи има пократки бранови должини од светлината што можеме да ја видиме. Во рамките на УВ-спектарот, постојат два вида зраци (УВА и УВБ) кои можат да ја оштетат ДНК во клетките на вашата кожа и да доведат до карцином на кожата. Важно е да ја заштитите кожата од двата типа:
- УВБ зраците предизвикуваат изгореници од сонце и играат клучна улога во развојот на рак на кожата. СПФ бројот на кремите за сончање се однесува главно на количината на УВБ заштита што ја обезбедува.
- УВА зраците предизвикуваат оштетување на кожата што доведува до тен, како и стареење на кожата и брчки. Најкратките бранови должини на УВА зраците исто така придонесуваат за изгореници од сонце. Важно е да ги барате зборовите „широк спектар“ на етикетата на производот, што значи дека има состојки кои можат да ве заштитат од УВА, како и од УВБ зраците.
Што значи SPF број?
SPF-бројот ни кажува колку долго би требало да бидеме изложени на сончевите УВ зрачења за да ја „зацрвенат“ нашата кожа при користење на производот точно како што е наведено на самото пакување.
SPF 30 дозволува околу 3 проценти од УВБ зраците да ја погодат вашата кожа. СПФ од 50 дозволува околу 2% од тие зраци да ја допрат вашата кожа. Можеби изгледа како мала разлика додека не сфатите дека SPF 30 дозволува 50% повеќе УВ зрачење на вашата кожа.
Но, имајте на ум дека и со најголемиот СПФ фактор потребно е да бидете внимателни, убаво да ја нанесете кремата 20 минути пред излегување, да бидете под сенка, во текот на денот често да нанесувате од кремата (на секои два часа или веднаш по пливање или потење) , доколку можете во деновите со највисоки зрачења да носите шешир или капа.
Сепак при избор на крема за заштита на кожата на лицето имајте ги на ум и дополнителните бенефити:
- хијалуронската киселина за дополнителна хидратација која претставува една од основните состојки во конективното ткиво на нашата кожа и ја помага цврстината, еластичноста и мекоста на самата кожа.
- aлое вера помага во намалување на брчките, но и во регенерирање на кожата. Тој значително ја подобрува еластичноста, а со тоа и ја редуцира појавата на тенките линии.
- И секако озонирано масло кое има антисептички и антибактериски бенефити на озонот. Со секое нанесување правите и еден вид на „дезинфекција“ на кожата со тоа што ги „отстранувате“ сите бактерии кои се размножуваат на нашата кожа и создаваат несакани последици како акни, воспалувања и црвенила.
-
OZONE GOLD – SUN CREAM 50SPF КРЕМА ЗА СОНЦЕ 50SPF – 50ml1.430 ден Цена со ДДВ
Бенефити кои можете да ги најдете во Оzone Gold линијата за сонце.
Обезбедете ја вистинската заштита на вашата кожа на лице со Ozone Gold Sun Cream SPF 50 и Ozone Gold Moisturizing cream SPF 15. За оптимална заштита во текот на целиот ден.