Ниту една возрасна група не е поштедена од егзема. Се поголем дел од популацијата страда од ова хронично нарушување на кожата, па дури е многу честа појава и кај доенчињата и малите дечиња.
Точната причина за појава на егзема не е утврдена, но се посочува дека одредени супстанции или околности можат да предизвикаат симптоми кај лица подложни на ова заболување. Пациентите со егзема може да имаат негативни реакции на кожата на многу вообичаени производи за домаќинството, како што се сапуни, парфеми, лосиони или детергенти… Тие исто така може да развијат акутна егзема како резултат на инфекции на горните респираторни патишта.
Иако стресот е честопати фактор што ја влошува состојбата, самата егзема, со својата непријатност и непријатен изглед, исто така може да биде причина за стрес.
Како да препознаете егзема?
-Сува и иритирана кожа
-Чешање
-Лупење на кожата
-Меури кои пукаат
-Кожата е груба и непријатна на допир
Безбедно и ефикасно решение против егзема
На заболената кожа ѝ е потребна дополнителна хидратација со креми кои не содржат штетни хемикалии, со цел да се спречи иритирањето на воспалените места. Токму затоа, Ozone Gold ја создаде Кремата против егзема со озонирано маслиново масло како водечка состојка. Уште од првата употреба, со нанесување на оваа крема на воспалените места се елиминира чешањето и иритацијата. Дополнително, оваа крема ја хидрира и длабински ја регенерира кожата, со што ги смирува иритираните и оштетени места, а покрај тоа и дополнително ја штити од надворешни фактори.
Кремата за егзема се нанесува на засегнатите регии на кожата двапати на ден, наутро и навечер. Се препорачува да се користи најмалку 1 месец.
Што да очекувате?
-Брз ефект веднаш по првата употреба
-Ја смирува иритираната кожа
-Ги регенерира клетките
-Длабински хидрира
Ozone Gold се грижи за здравјето на целото семејство.