Крема за сонце за лице и крема за сонце за тело: Која е разликата?

Секој од нас има различен тип на кожа, а со тоа и потреба од различна крема за нега на истите. За дланките користиме еден вид, за стапалата друг, за телото трет вид. Па зашто тогаш да не го заштитиме и негуваме лицето и најчуствителната кожа на нашето тело?

Доколку сè уште не сте се решиле да купите посебна крема за сонце само за кожата на вашето лице и врат, ние ќе ви преставиме неколку сегменти зашто е тоа потребно.

  • Како и за кремите за сончање за тело, и кремите за сонце за кожата на лице и врат потребно е да бидат за со заштита од широк спектар на ултравиолетови зраци. УВБ зраците предизвикуваат изгореници од сонце и играат клучна улога во развојот на рак на кожата. СПФ бројот на кремите за сончање се однесува главно на количината на УВБ заштита што ја обезбедува.
  • УВА зраците предизвикуваат оштетување на кожата што доведува до тен, како и стареење на кожата и брчки. Најкратките бранови должини на УВА зраците исто така придонесуваат за изгореници од сонце

Кожата на нашето лице е поподложна на црвенила, појава на акни, митесери кои се резултат на запуштените пори. Кремите за сонце за лице се со посебна полесна формула која, доколку се нанесуваат правилно, нема да имаат негативни последици на квалитетот на самата кожа. Озонираното масло на Оzone Gold линијата за сонце дополнително ја заштитува кожата со своите антисептички и антибактериски бенефити на озонот. Со нанесување на кремите за сонце на Ozone Gold правите еден вид на „дезинфекција“ на кожата и притоа се уништуваат сите бактерии кои можат да предизвикаат несакани акни, црвенила или воспаленија.

Во составот дополнително се додаваат и состојки како хијалуронска киселина за хидратација на кожата што претставува бенефит во негата и заштитата на кожата. Алое вера е уште една дополнителна состојка која има голем бенефит во намалување на борите.

OZONE GOLD - MOISTURIZING CREAM 15SPF
OZONE GOLD – MOISTURIZING CREAM 15SPF
OZONE GOLD - SUN CREAM 50SPF
OZONE GOLD – SUN CREAM 50SPF

Во летниот период многу од нас кремата за сонце ја користат и како основа за шминката која потоа ја нанесуваме.

Додека пак, кремите за сонце за тело се направени со многу потешки масла кои ќе ги затворат порите на вашето лице, лицето ќе го чувствувате тешко, нема да ја обезбедат потребната хидратација во топлите и суви летни денови.

OZONE GOLD - SUN CREAM 50SPF - 1

Обезбедете ја вистинската заштита на вашата кожа на лице со Ozone Gold Sun Cream SPF 50 и Ozone Gold Moisturizing cream SPF 15. За оптимална заштита во текот на целиот ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.