Зошто дерматолозите велат дека треба да користите креми за сончање секој ден (дури и за време на зимата)?

Изложеноста на сонце е од витално значење за целокупното здравје и благосостојба. „Галењето“ од сончевите зраци може да помогне во борба против депресијата, да ги зајакне вашите коски, па дури и да помогне да се регулира крвниот притисок.

Добрата вест е, без разлика на годишното време, во атмосферата изобилуваат ултравиолетовите зраци кои даваат витамин Д.

Сепак, како што сите знаеме, премногу долата изложеност на сонце може да го зголеми ризикот од рак на кожата и да предизвика рано стареење на кожата. Лошата вест е, без разлика на годишното време, во атмосферата изобилуваат оние штетни ултравиолетови зраци.

„Секој ден треба да носите крема за сончање затоа што кога сте надвор, постојано сте изложени на УВ зрачење. УВ зрачењето продира и низ облаците и до 80% од сончевите зраци сè уште се апсорбираат од вашата кожа, што значи, за да ја заштитите вашата кожа и во облачни денови треба да нанесете заштитен фактор на вашето лице. ” – изјави дерматолог прим. д-р спец. Весна Цифревска

Неизоставлив дел од утринскиот ритуал за нега на кожата на лицето е покрај темелното чистење, серуми за нега да се користи и хидратација и крема со СПФ фактор, и во летниот период дополнително нанесување на кремата за сончање со СПФ фактор секој пат пред да излезете надвор. Начинот на нанесување на кремата игра важна улога, бидејќи треба да се обрне внимание да се покријат сите делови на лицето и вратот. Една од региите кои најчесто се „заборава“ е околу очите, кожа која е најнежна и најтенка но и прво место каде ќе се појават знаците на стареење и брчки.  

Покрај УБА и УБВ заштитата дополнителни благодети за кожата на лицето се и:

  • хијалуронската киселина за дополнителна хидратација која претставува една од основните состојки во конективното ткиво на нашата кожа и ја помага цврстината, еластичноста и мекоста на самата кожа.
  • aлое вера помага во намалување на брчките, но и во регенерирање на кожата. Тој значително ја подобрува еластичноста, а со тоа и ја редуцира појавата на тенките линии.
  • И секако озонирано масло кое има антисептички и антибактериски бенефити. Со секое нанесување правите и еден вид на „дезинфекција“ на кожата со тоа што ги „отстранувате“ сите бактерии кои се размножуваат на нашата кожа и создаваат несакани последици како акни, воспалувања и црвенила.

Бенефити кои можете да ги најдете во  Оzone Gold линијата за сонце.

Обезбедете ја вистинската заштита на вашата кожа на лице со Ozone Gold Sun Cream SPF 50 и Ozone Gold Moisturizing cream SPF 15. За оптимална заштита во текот на целиот ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.