Ozone Gold шампон со арган и кератин за совршена и сјајна коса

Соодветната нега и користењето на вистинските препарати и козметика, имаат клучна улога за состојбата на вашата коса.

Доколку се соочувате со сува, оштетена и коса без живот, тогаш е време да размислите дали правилно ја негувате и дали ги користите вистинските козметички производи за коса.

Ozone Gold шампонот за коса обединува три моќни состојќи: озонирано маслиново масло, арган и кератин. Оваа природна формула гарантира ефективни резултати: здрава, сјајна, бујна коса полна со живот.

Тајната на оваа природна формула која успешно се бори против опаѓањето на косата е во тоа што ги зајакнува фоликулите што ја продолжуваат Анаген (фаза на растење) фазата на косата.

Ozone Gold шампонот содржи антибактериски и антифунгални состојки кои помагаат да се исчисти скалпот и косата и да се подобри нивното здравје, со што се намалува опаѓањето на косата, се зајакнува влакното и се стимулира растот.

Озонираното маслиново масло содржи витамин Е и големи количини на активен кислород што ја подобрува микро циркулацијата во вашиот скалп, а тоа директно влијае и на здравиот изглед на вашата коса.

Не дозволувајте оштетената коса да ја наруши вашата самодоверба. Нема позначајна инвестиција од онаа кога вложувате во вашето здравје и нега, затоа Ozone Gold шампонот за коса е вистинскиот избор за вашата дневна рутина за нега и убавина.

Ние веруваме во моќта на природата.

Повеќе за производите на Ozone Gold дознајте на www.ozone-gold.mk

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.