Каролина Гочева: Моите ТОП 5 омилени продукти од Ozone Gold

Во месецот кој ја слави жената и се поклонува пред сите нејзини општествени улоги и залагања, Ве потсетуваме колку е важно да не се заборавите себеси и секогаш да зачувате барем мал дел од денот што ќе си го посветите исклучително на себе и на својата нега.

Нашата драга Каролина, која со почетокот на годината стана заштитно лице на нашиот бренд, токму по тој повод ги издвојува своите омилени 5 производи од палетата на Ozone Gold и со Вас го споделува нејзиното искуство.

Во продолжение, прочитајте кои ТОП 5 производи од Ozone Gold се дел од секојдневната рутина на Каролина Гочева и што таа Ве советува:

1.Озонирано маслиново масло во капсула

Со оглед на динамичното животно темпо и полната дневна агенда, многу ми е значајно пред сѐ да ја задржам енергијата во текот на денот. Затоа една капсула од озонираното маслиново масло, за мене е сосема доволно во текот на целиот ден да се чувствувам витално, здраво и полна со енергија.

2. Ozone Gold шампон

Здрава и негувана коса е од исклучителна важност за мојот комплетен изглед. Независно од тоа какви се трендовите, токму здравата коса никогаш не излегува од мода. Затоа, во мојата основна рутина за нега на косата, со задоволство го користам шампонот на Ozone Gold во чиј состав се вклучени три значајни состојки: озонирано маслиново масло, арган и кератин. Резултатот е бујна и сјајна коса, со свиленкаст сјај.

3.Серум за нега на коса

Во сетот производи за нега на коса, задолжително го вклучувам и серумот за нега на коса од Ozone Gold. Зошто? Затоа што ја хидрира и храни сувата коса, а со тоа ѝ го враќа сјајот и мекоста. Лично ги почувствував бенефитите од оваа природна формула. Голем дел од жените, а тука ќе се вклучам и себеси, секојдневно ја изложуваме косата на различни хемиски третмани кои придонесуваат влакното брзо да се оштети. Овој серум е идеален избор токму во таков случај, со што ја трансформира сувата и оштетена коса, во здрава и сјајна.

4. Хидратантна крема

Долгите години пред камера, професионалните ангажмани што наметнуваат обврска да се нанесе професионална шминка, целиот тој склоп на околности значително влијае на мојата кожа, особено на кожата на лицето. Затоа, за мене е од особено значење на моето лице да му обезбедам квалитетна нега. За среќа, во мојот сет задолжителни производи за нега на лице, ја имам хидратантната крема. Благодарение на комплексот за навлажнување кој потекнува од озонираното масло, хијалуронската киселина и Алое вера, овозможува влажност на кожата до 12 часа и ја штити од стареење.

5. Крема за сонце 50SPF

Сите ги знаеме негативните последици од подолгата изложеност на штетното влијание на UVA и UVB зрачењето. Затоа, јас во овој случај секогаш делувам превентивно и ја користам Кремата за сонце од Ozone Gold со која на мојата кожа ѝ обезбедувам квалитетна заштита од несаканите последици од штетното влијание на сонцето. Покрај тоа, оваа природна интензивна формула базирана на вода ѝ ја обезбедува и потребната влажност на кожата. Одличен производ за кој верувајте кожата, а и Вашето здравје, ќе Ви бидат благодарни.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.