Докажана формула за ефикасно отстранување на целулитот – Ozone Gold гел против целулит

Постои ли жена која нема проблем со целулитот? Веројатно многу малку дами ја имаат таа среќа. Кај повеќето жени, целулитот е многу честа појава која е причина за незадоволството од сопствениот изглед. Според светски релевантни анализи, дури 90% од жените се соочуваат со целулит на одреден дел од телото, но од оваа несакана појава не се поштедени ниту мажите.

Особено овој период од годината, кога пред нас е летната сезона, интензивно размислуваме за тоа како на најефикасен и најсигурен начин  нашето тело да го доведеме до најдобрата можна форма. А целулитот секако не припаѓа во нашата слика за идеално тело во лето.

Како настанува целулитот?

Целулитот се јавува како резултат на оксигенацијата, предизвикана од стеснување на крвните садови, зголемување на содржината на масни клетки, со локално зголемување на тежината и забавување на дренажата на лимфите.

Целулитните промени на кожата се манифестираат како дифузни перничиња или ограничени јазли кои настанале поради вишок на масти, ослабено сврзно ткиво, пореметување во циркулацијата и размената на материите, пред сè од задржување на вода во ткивата.

Појавата на целулитот може да биде условена од различни фактори:

  • Специфични физиолошки процеси поврзани со пубертетот
  • Бременост и климактериум,
  • Хормонски пореметувања,
  • Згоеност,
  • Неправилна исхрана,
  • Пореметена функција на органите за варење на храната,
  • Недостаток на физички активности,
  • Пушење, алкохол итн.

Како да се решиме од целулитот на најефикасен начин?

Ozone Gold – озонираниот гел против целулит – 50ml, е докажана природна формула која има огромно ефективно влијание во отстранувањето на целулитот, а со тоа е заслужен за решавањето на проблемот со целулитот на голем број жени.

Како функционира?

Гелот од озон реагира на маслените синџири преку бета-оксидација и ги отстранува од телото. Тој го зголемува капацитетот на носење на кислород на црвените крвни зрнца, ја подобрува циркулацијата на капиларите и помага во создавање на еластин и колаген во долниот слој на кожата. Гелот од озон помага да се регенериаат клетките во содејство со соодветни вежби и други методи на губење на килажата, а на кожата и дава мек и свиленкаст изглед и погодна pH вредност.

Со подобрената циркулација, се поттикнува излачувањето на штетните материи и се разградуваат мастите, со што озонираниот гел директно помага при ефикасната борба против целулитот.

Во уникатниот состав на озонираниот гел се вклучени и масло од портокал, рузмарин, алги, шафран, алое вера и други природни масла за борба против целулитот, што неговата формула ја прават единствена и моќна во остварувањето на крајната цел: мека и свиленкаста кожа без целулит.

Озонираниот гел е погоден за секојдневна употреба, а најефикасно делува доколку се аплицира со масирање на зафатениот дел од кожата, затоа што на тој начин се превенира насобирање на токсини во телото и се подобрува циркулацијата.

За лето без целулит…

Ваш Ozone Gold

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.