Палетата на Ozone Gold збогатена со нови производи

Палетата на производи за подобрување на здравјето и нега на убавината со потписот на Ozone Gold, се збогатува со нови ТОП 3 производи.

Со цел да одговори на потребите на современиот човек и да помогне со ефикасни решенија за низа здравствени проблеми, Ozone Gold следејќи и применувајќи ги највисоките стандарди за квалитет, ја проширува својата понуда со атрактивни производи кои ќе го потврдат позитивното искуство со озонираното маслиново масло, како водечка состојка што ги поврзува сите производи на брендот.

Имате чувствителна, проблематична или сува кожа на рацете? Сте го искусиле непријатното чувство предизвикано од егзема? Никако да се ослободите од проблематичната псоријаза, иако сте пробале различни начини?

Новите ТОП 3 производи на Ozone Gold се вистинското решение.

Крема за раце со озонирано маслиново масло (75ml)

На вашите раце им е потребна посебна нега, особено ако имате сува и испукана кожа или пак забележувате појава на кафеави дамки и брчки.

Кремата за раце со озонирано маслиново масло комбинирано со витамини, минерали и амино киселини, ќе биде вашиот секојдневен придружник во интензивната нега на вашите раце. Зошто? Затоа што овозможува интензивна нега на кожата на дланките, ја хидрира и потхранува кожата за да го намали појавувањето на брчки и кафеави дамки со постојана употреба. Овозможува висока хидратација на кожата, а притоа благодарение на нејзината специјална основа, се апсорбира дури 4 пати побрзо од обичните креми. По употреба, кожата на вашите раце останува мека, нежна и мазна.

Крема за егзема (15ml)

Егземата е хронично заболување на кожата кое најчесто предизвикува чувство на сувост и иритација. На заболената кожа ѝ е потребна дополнителна хидратација со креми кои не содржат штетни хемикалии, со цел да се спречи иритирањето на воспалените места. Токму затоа, Ozone Gold ја создаде новата крема за егзема, целосно на природна база со озонирано маслиново масло како водечка состојка. Уште од првата употреба, со нанесување на оваа крема на воспалените места се елиминира чешањето и иритацијата. Дополнително, оваа крема ја хидрира и длабински ја регенерира кожата, со што ги смирува иритираните и оштетени места, а покрај тоа и дополнително ја штити од надворешни фактори.

Кремата за егзема се нанесува на засегнатите регии на кожата двапати на ден, наутро и навечер. Се препорачува да се користи најмалку 1 месец.

Креми за псоријаза

Крема за псоријаза

PSO Cream 1 (100ml)

Вратете го сјајот и мекоста на вашата кожа. Ozone Gold дизајнираше моќна крема како ефикасно и безбедно решение против псоријаза. Кремата за псоријаза, (PSO Cream 1 – 100ml), обезбедува исклучително ефективен третман кај кожа склона кон псоријаза, преку висока хидратација и интензивна регенерација на зафатените регии. Го поддржува закрепнувањето на иритираната и сува кожа, а покрај тоа дополнително ја штити и од надворешни влијанија. Со редовно користење, кожата длабински се регенерира и го враќа својот здрав изглед.

Кремата (PSO Cream 1) се користи двапати на ден, наутро и навечер на подрачјето на псоријаза. Се нанесува со 5 минутен пилинг, а се користи од 7 до 15 дена, додека белата и лушпестата кожа целосно не исчезне и кожата не добие розева боја.

Крема за псоријаза

PSO Cream 2  (50ml)

Откако ќе заврши третманот со PSO Cream 1 и кога кожата која претходно била зафатена од псоријаза, ќе добие розова боја, процедурата за целосно закрепнување продолжува со PSO Cream 2 (50ml). Функцијата на оваа моќна крема со озонирано маслиново масло е со цел да го помогне закрепнувањето на кожата, длабински да ја хидрира и да ги регенерира оштетените регии. Со редовна употреба, ги отстранува иритациите и ги елиминира дамките, а значајно е и тоа што е погодна и безбедна за сите типови кожа.

Се користи двапати на ден, наутро и навечер, се додека кожата не го врати својот нормален изглед. Доколку се забележи дека повторно се појавува псоријаза, веднаш треба да се употреби Крема 2 (PSO CREAM 2). За успешен третман се препорачува задолжителна употреба на двете креми за псоријаза заедно.

Новите производи во палетата на Ozone Gold наскоро ќе бидат достапни и во онлајн продажба на www.ozone-gold.mk.

Ozone Gold верува во моќта на природата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.