Конечно имаме сонце во изобилство. Деновите траат долго, а ние уживаме максимално да го користиме времето поминато надвор.
Пред нас е летната сезона, а летниот одмор поминат на плажа покрај езеро или море веќе е на врвот на нашата агенда за претстојниот период.
Умереното изложување на сонце е корисно и помага за создавање на витаминот Д кој е неопходен за апсорпцијата на калциум и фосфор што е од значење за функционирање на мускулите, јакнење на коските и спречување на остеопороза, а го зајакнува и имунитетот.
Но, од друга страна сонцето колку што е прекрасно и неопходно, толку е и штетно доколку сме изложени подолго време на штетното влијание на УВА и УВБ сончевите зраци, без соодветна заштита.
Кои се негативните влијанија од прекумерената изложеност на сонце?
УВА – продираат подлабоко во кожата и предизвикуваат длабоки оштетувања. Тоа може да доведе до губење на еластинот и намалување на производството на колаген што за последица има појава на брчки и флеки на кожата
УВБ – делумно продираат во кожата, но предизвикуваат оштетување на ДНК на клетката и појава на црвенило на кожата и изгореници.
Црвенило и изгореници на кожата се само дел од последиците, што може да предизвикат и уште посериозни здравствени проблеми…
Но, тука може да ставиме крај на грижите. Исклучително значајно е да обезбедиме соодветна заштита од штетното влијание на УВА и УВБ зраците, со што ќе си го продолжиме уживањето под сонцето.
Со Ozone Gold кремата за сонце 50SPF сега може да уживаме подолго под сонцето.
Оваа крема за сонце овозможува оптимална заштита од УВА и УВБ зраците и штетните влијанија на сонцето, а интензивната формула ја одржува кожата влажна. Брзо се апсорбира, не остава наслаги или боја. Базирана е на вода и не ги храни фоликулите на кожата со што би се нарушил естетскиот изглед на скалпот. Притоа, помага при спречување на одредени болести на кожата, предвремено стареење, несакани дамки на кожата и изгореници.
Секојдневно нанесувајте ја на сите делови од телото изложени на сонце и безгрижно уживајте во летните денови.
Кога ја имате со себе Ozone Gold кремата за сонце, не мора да го ограничувате времето и уживањето поминато на плажа.