Зошто Ozone Gold – Sun Cream 50SPF е најдобар избор за твојата кожа?

Иако крема со заштитен фактор задолжително треба да се користи преку целата година, сепак употребата на кремите за заштита од сонце најмногу се актуелизира пред и за време на летната сезона, односно кога се подготвуваме за летните одмори.

Ако досега сте имале непријатно искуство на плажа и наместо уживање под сонцето и добар тен, сте завршиле со црвенила и изгореници, можеби во прашање е несоодветниот избор на крема за заштита од сонце.

За да не се повтори грешката од претходните сезони, ние ја имаме вистинската и непогрешна препорака за целото семејство: Озонирана крема за заштита од сонце Sun Cream 50SPF.

Зошто оваа крема е најдобар избор за вашата кожа?

Составот на нашата крема за сонце е базиран на најмоќната комбинација од состојки: чист медицински озон и ладно цедено маслиново масло, што е најзначаен фактор кој и за 10 пати го зголемува нејзиното ефективно дејство.

Покрај тоа што добивате максимална оптимална заштита од  УВА и УВБ (UVA и UVB) и штетните влијанија на сонцето и тоа што брзо се апсорбира, оваа крема содржи стеаринска киселина за да помогне во намалување на стареењето на кожата како резултат на долго изложување на сонце. Стеаринската киселина помага да се задржи влагата во кожата, одржувајќи ја нејзината еластичност, и го намалува појавувањето на брчки.

Истовремено, стеаринската киселина третира и смирува акни, ги намалува симптомите на егзема, ги намалува воспаленијата и секако ја задржува хидратацијата на кожата.

Со една крема за сонце всушност добивате една мултифункционална крема која ќе ви помогне при решавање на сите споменати проблеми со кожата, а пред сè ќе ви обезбеди безгрижно уживање под сонцето за време на долгите летни денови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.