Здравата коса е половина убавина. Тоа не е мит, туку факт што ќе го потврди секоја жена. Кога ќе се разбудиме со сјајна, лелеaва и здрава коса, денот ни е поубав, а самодовербата ни е главен адут.
Но, што е со деновите кога имаме спротивно сценарио?
Сувата и оштетена коса е проблем кој што бара долгорочно и ефикасно решение. Првиот чекор е конзистентна нега, а вториот и најважен – е изборот на соодветен продукт со кој правилно ќе ја негувате косата.

Шампонот со озон го спасува денот и го враќа сјајот и живоста дури и на безживотната коса.
Неговата супермоќ е во уникатната формула која комбинира три моќни состојки: озонирано маслиново масло, арган и кератин кои го подобруваат здравјето на косата и скалпот. Секоја од овие состојки има свое уникатно дејство во рутината со која ќе ја трансформирате вашата коса од сува и оштетена во совршено мека, свиленкаста и бујна коса.
- Озонирано маслиново масло: Помага во одржување здравје на косата и скалпот, со своите хидратантни и регенеративни својства.
- Арган: Познат по своите хранливи состојки кои го поддржуваат здравиот раст на косата и ја прават косата мекa и сјајна.
- Кератин: Здравиот и силен кератин во шампонот помага да се зајакнат влакната, го спречува кршењето и го подобрува изгледот на косата.
- Антибактериски и антифунгални својства: Овие состојки помагаат да се исчисти скалпот и да се подобри здравјето на косата.
- Намалување на опаѓањето на косата: Шампонот го стимулира растот на косата и го зајакнува влакното, што го намалува опаѓањето.
И внимавајте на грижата на вашата коса особено во лето – кога косата често е изложена на штетното влијание на УВА зрчењето и станува груба по неколку капења во солената морска вода. Затоа, не заборавјте во вашиот летен куфер задолжтелно да го понесете шампонот со озон – како сигурна заштита во одржувањето на здравјето и убавината на вашата коса.
За уште подобра нега и интензивна хидратација, шампонот може да се комбинира со серумот за нега на коса со озон, арган и кератин, кој дополнително ги храни и штити влакната, оставајќи ја косата сјајна, мека и здравa.