Фармакодинамски карактеристики
Податоците од изведените студии покажуваат дека составните делови на препаратот OZONE FACTOR ја подобруваат функцијата на кардиоваскуларниот систем, ги редуцираат ефектите поврзани со процесот на стареење, имаат анти-канцерогено дејство како и анти-инфламаторен и анти-оксидативен екефт.
Експериментална фармакологија
Анти инфламаторен и антиоксидативен ефект
Во анимални модели било докажано дека О3 ја подобрува цуркулацијата на крвта и дотокот на кислород во исхемичните ткива. Голем број на студии содржат докази дека корекцијата на хроничниот оксидативен стрес предизвикана од пораст на антиоксидантните ензими при апликација озон ја зголемува диференцијацијата на еритробластите. Ова резултира со прогресивен пораст на еритроцитите и ги пре-кондиционира да се отпорни на оксидативен стрес, процес познат како “оксидативно прекондиционирање”.
Озонот ги зголемил и нивоата на простациклин (познат вазодилататор) кај лабараториските животни.
Ефекти врз кардиоваскуларниот систем
Податоците од експерименталните студии спроведени врз различни анимални модели на атеросклероза, хипертензија, хиперхолестреолемија ја подржуваат поврзаноста помеѓу оксидативниот стрес и ендотелијалната дисфункција. Полифенолите од маслиновото масло придонеле за пораст на концентрацијата на азотен моноксид кај експерименталните животни и го спречиле создавањето на потентниот оксидирачки агенс пероксинитрат (Perona и сор.2006), покрај тоа фенолите го намалуваат хомоцистеинот а со тоа и адхезивниот потенцијал на ендотелот (Manna и сор.2009).
Ефект врз процесот на стареење
Во голем број на анимални модели биле докажани поволните ефекти од профилактичката примена на третман со О3 во редузирање на ефектот од оксидативниот стрес и процесот на стареење. Било утврдено дека апликацијата на ниски дози О3 има поволен ефект и ги ублажува промените на срцето и хипокампусот кои настануваат како последица на стареење кај стаорци. Дополнителните студии покажале дека е можно третманот со О3 да да влијае врз механизмите кои се вклучени во воспоставување на баланс на дисрегулираниот редокс потенцијал при стареење. Кај стаорците била забележана редукција на маркерите за оксидација на липидите и протеините, намалување на депозицијата на липофусцин, нормализирање на нивоата на глутатион и нормализирање на GPx активноста во остареното срцево твико. Исто така, О3 го намалил енергетското затајување на срцето и хипокампусот кај стаорците кое се јавува поврзано со процесот на стареење. Научниците се сомневаат дека забележаното подобрување се должи на зголемувањето на калциум во цитоплазмата на срцевите клетки како и ресторација на заслабената Na+ – K+ ATP-азна активност на срцето и хипокампусот.
Клиничка фармакологија
Ефекти врз кардиоваскуларниот систем
Сите изведени проспективни студии укажуваат на поволниот ефект кој исхраната богата со маслиново масло го има врз целокупното здравје, особено врз кардиоваскуларниот систем. Епидемиолошките студии покажале дека медитеранскиот начин на исхрана (богат со девствено маслиново масло) го редуцира ризикот од кардиоваскуларни нарушувања преку подобрување на главните фактори на ризик за кардиоваскуларна болест како липопротеинскиот профил, крвниот притисок, метаболизамот на гликоза и антитромботичниот профил. Позитивната моделација е применета и врз ендотелијалната функција, степенот на инфламација и оксидативниот стрес.Во различни студии спроведени кај луѓе било забележано дека конзумацијата на оброци со маслиново масло со боат фенолен состав ја подобрува функцијата на ендотелот во поспрандијалниот период (Vogel и сор.2000; Karatzi и сор.2008; Fuentes и сор.2008; Ruano и сор.2007). Најголемите студии се спроведени во земјите од Јужна Европа. Кај Шпанската популација била следена асоцираноста внесот на маслиново масло со редукцијата на ризикот од смртност од било која причина и смртност од специфична причина при што била регистрирана најголема редукција на кардиоваскуларната смртност (44% редукција на ризикот споредено со лицата кои не консумирале маслиново масло). Било забележано дека постепеното зголемување на внесот на маслиново масло било поврзано со намалува на разикот од кардиоваскуларна смрт ( зголемувањето од 10 g na 2000 kcal резултирало со пад на ризикот на 13%) ( Buckland и сор.2012). Во две понови проспективни студии исто за асоцираноста помеѓу внесот на маслиново масло и инциденцата на коронарна болест била регистрирана значајна редукција на радиоваскуларниот ризик (-44%) при споредба на кварталите кои имале најгол дневен внес на маслиново масло споредено со оние кои најмалку го применувале ( : 31,2 g/d наспроти 15g/d –италјанската студија EPICOR) (Bendinelli и сор.2011); помала редукција на ризикот (-22%) кај масивните консумери (> 28.9 g/d) била забележана во шпанската кохортна студија (Buckland и сор.2012). Во три студии спроведени во Франција учесниците кои интензивно внесувале маслинво масло имале за 41% понизок ризик од инсулт споредено со оние кои никогаш не го користеле (Samieri и сор.2011). Познато е дека церебралниот вазоспазам по субарахноидално крварење е еден од клучните фактор кои отежнуваат во рехабилитација на пациентот. Во анимален модел бил испитан ефектот на интравенска терапија со О3 врз вазоспазам на феморалната артерија кај стаорци. Резултатите од хистопатолошките и морфометричките анализи покажале дека третманот со О3 ги намалил морфометричките промени, нарушувањата на ендотелот и хеморагијата кои се јавуваат како последица од вазоспазамот. Овие сознанија за анти-оксидативните и анти-инфламаторните ефекти на О3 укажуваат на потенцијалот од употребата на О3 како терапија за постхеморагичен авзоспазам.
Анти инфламаторен и антиоксидативен ефект
Биле спроведени дополнителни студии изведени кај луѓе за испитување на поволниот екефт на терапијата со озон како ОЗ-АНТ во комбинација со Q10, аплициран перорално. Во овие испитувања биле одредувани нивоата на потентниот антиоксидант SOD и каталазната активност во контролна група на испитаници и две активни групи кои примале или само озон или озон во комбинација со Q10. Резултатите покажале сигнификантно зголемување на SOD и незначаен пораст на каталзаната активност во О3 + Q10 споредено со контролата. Исто така, во О3 + Q10 групата било забележано значајно намалување на концентрацијата на малондиалдехид (продукт на липидната преоксидација и индикатор за оксидативното оштетување на клеточните мембрани).
Во рандомизирана студија ин виво биле проценувани промените во експресијата на гени во мононуклеарите на здрави доброволци по внес намаслиново масло со висока и ниска содржина на феноли. Биле забележани сигнификантни промени во генетската експресија поврзана со инфламацијата и оксидативниот стрес помеѓу групата која употребувала маслиново масло и контролната група. Исто така, било утврдено сигнификантно линеарно намалување во однос на фенолната содржина на маслото во генетската експресија како одговор на инфламација (интерферон гама, Rho-GTP-аза активирачки протеин 15) и оксидативен стрес (адренергични бета 2 рецептори).
Ефект врз процесот на стареење и Алцхахмеровата болест
Микроконституентите присутни во девственото маслиново масло покажале антиоксидативни својства и капацитет за подобрување на функцијата на ендотелот кај луге. Дополнително, била забележана модификација на хемостазата и анти-тромбосклеротични екет.
Различните опсервациски студии спроведени кај луѓе покажале дека внесот на незаситени масти има протективна улога против падот на когнитивните функции при стареење и кај пациентите со Алцхајмерова болест.
Научниците од Луис Кац, факултетот за медицина на Универзитетот Темпл, студија публикувана во списанието Annals of Clinical and Translational Neurology. Го потенцираат сознанието дека екстра девственото маслиново масло го намалува формирањето на бета-амилоид плакетот и неурофибрилаторните јасли – класични индикатори на Алцхајмерова болест. Во друга студија пак, Проф. Доменико Пратико со својот тим открил некои од механизмите кои стојат позади заштитните својства на маслиновото масло. Активните супстанции од маслиновото масло, имале зголемено ниво на автогафија во мозочните клетки и намалено ниво на амилоидни плаки и хиперфосфориларен тау-протеин кој е одговорен за неврофибриларните јазли кои продонесуваат за дисфункција на нервните клетки и се асоцирани со појава на Алцхајмерова болест. Животните биле поделени во две групи по што на крајот од студјата биле забележани огромни разлики во изгледот и функцијата на мозочните клетки односно, синаптичките врски биле подобро сочувани кај глувци на кои им се давало маслиново масло и кај нив дошло до зголемување на процесот на автофагија. Кај активната група на експериментални животни била забележана и подобра меморија и способност за учење.
Анти-канцероген ефект
Девственото маслиново масло содржи во себе многу нутритиенти, кои се докажани антиоксидански поради што, меѓу другото му се препишуваат и антиканцерогени својства.
Резултатите од неколку студии изведени во Шпанија кои покажале дека маслиновото масло има поволен ефект кај пациентките со рак на дојка.Антиоксидансите полифеноли, кои се наоѓаат во ладно цеденото маслиново масло, го намалуваат дејството на генот HER2, кој е асоциран со развојот на ракот на дојката. Dr.Javier Menendez од Каталонскиот онколошки инситут и Dr. Antonio Segura Carretero од Универзитетот во Гранада, испитувајќи кои состојки се најефикасни против ракот на дојката, утврдиле дека квалитетното нерафинирано маслиново масло содржи голем број на ,,фитохемиски” состојки кои можат да предизвикаат изумирање на малигните клетки. Олеинскатакиселина, како главна состојка маслиновото масло, го блокира делувањето на онкогените HER-2/neu кои се октриени кај 30% од пациентките со карцином на дојка и предизвикуваат развој на малигнитетот.
Употреба во традиционалната медицина
Лековитите својства на маслото се познати уште од античките времиња. Во народната медицина маслиновото масло се користи заради позитивното влијание врз имунолошката одбрана на телото, за детоксикација, воспоставување на енергетскиот баланс, редукција на нивото на холестерол, како превентивенција за кардиоваскуларни болести, за нормализирање на крвниот притисок. Маслиновото масло има честа примена и како народен лек за изгореници,себиреа, пигментни дамки, убод од инсекти а во вид на загреани облоги се користи и за лекување на кожни чиреви.
Девственото маслиново масло традиционално се употребува и во третманот на билијарни калкулуси. Маслото по природен пат го стимулира лачењето на жолчка и полесното исфрлање на калкулусите присутни во билијарното ќесе и жолчните патишта. Некои го употребуваат маслиновото масло и како природно средство за клистирање, потоа при воспаление на цревата или желудникот за оптимизирање на функцијата на дигестивниот систем, за лекување на хемороиди кои крварат, како лек за слабо подвижните, крути зглобови.
Покрај маслиновоо масло, во народната медицина се користи и листот од маслинка кој денес во билните аптеки им се препорачува (во облик на чај) на лицата со зголемено ниво на шеќер во крвта (дијабет).
Озонот уште во 19тиот век се користи за третман различни состобји како: регулација на функцијата на имунолошкиот систем, подобрување на клеточниот метаболизам, регулација на метаболизамот на липиди и подобрување на циркулација, олеснување на симптомите на главоболка, разни невролошки нарушувања, намалување на негативните ефети од пушењето, за балансирање на хормоналниот статус, подобрување на циркулацијата.
Позната е неговата употреба за подобрување на состојбата при замор, несоница, недостаток на енергија, проблеми со концентрација и хронична исцрпеност.
Токсиколошки карактеристики
Постојат лимитирани податоци во однос на токсиколошките карактеристики на составните делови на препаратот. Лимитираните податоци и резултати од публицираните токсиколошки студии и безбедносна фармакологија на составните делови на препаратот укажуваат на прифатлива токсичност на OZONE FACTOR за општа популација.
Клиничка безбедност/фармаковигиланца
Анализата на резултатите од спроведените клинички студии во однос на безбедноста на маслиново масло збогатено со озон, искуствата стекнати од досегашната употреба како и литературните податоци за производот OZONE FACTOR укажуваат на прифатлив безбедносен профил на препаратот и отсуство на сериозни несакани ефекти при негова употреба во препорачаните дози.
При употреба на озон забележана е појава на алергиски реакции, крварење (најчесто кај лица со нарушување на коагулацијата), конвулзии (заради стимулирачки ефект вр централниот нервен систем).
Големите количини на озон го надразнуваат респираторниот систем, потоа слузницата на очите и солзните канали поради што шредизвикува солзење, може да предизвикаат појава на катаратка како и заболувања поврзани со промени во имунолошкиот систем. Високите концентрации се поврзани и со пулмонален едем, хеморагии и намалена размена на гасови преку алвеоларните мембрани.
Маслинката или маслинка (Olea europea) е мало дрво од фамилијата на Маслинки (Oleaceae). Потекнува од источните делови на Средоземјето, како и од северен Иран (брегот на Каспоско море). Маслината успева само во јужните, топли краеви, на температура до 10 степени Целзиусови. Првите маслинки се насадени речиси пред повеќе од 6000 години, и од тогаш се високоценети во исхраната, медицината и козметиката.
Најмногу се конзумира плодот на маслинката, кој се јаде сиров или конверзиран но популарноста на маслината е поврзана и со маслото, кое се добива од плодот и заради благотворните својства врз здравјето се нарекува „ медитеранско злато “.
Плодот на маслинката содржи околу 35% масло. Квалитетното маслиново масло има благо-горчлив вкус, зеленкаста боја и мирис на овошје. Тешката миризба на маслиновото масло е знак за неквалитетно и застарено масло.
Се разликуваат 3 врсти на маслиново масло:
-Девствено маслиново масло (olio vergine) – најздраво и најквалитетно маслиново масло, кое се добива со првото ладно цедење на здравите маслинки, при што семката на маслинката не смее да се здроби. При постапката на цедење не се употребува топлина, па е дозволено само т.н. „ ладно цедење “. Девственото маслиново масло има под 1% слободни масни киселини. Нутриционистите, екстра-девственото маслиново масло го сметаат за исклучително здрава храна, богата со хлорофил, каротин, лецитин (природен антиоксиданс кој го стимулира метаболизмот на мастите, јаглехидрантите и протеините), полифеноли (антиоксиданси) и есенцијални витамини D, E и К.
– „ Provence “ масло, наречено по југоисточното подрачје на Франција, од каде што потекнува е масло од втор квалитет, при чие цедење се оди до згмечување на семките на плодот, но и при оваа постапка на цедење не се употребува топлина.
– „ Дрвено ” маслиново масло – масло со најслаб квалитет, а се добива со повторно цедење на остатоците по производство на „ provence “ маслото и под дејство на топлина. Маслото добиено на овој начин се користи исклучиво за производство на сапуни и технички масла.
Маслиновото масло е богато со незаситени масни киселини вклучително олеична киселина, палмитска и линоленска. Покрај тоа, девственото маслиново масло како активни супстанции содржи и фенолни антиоксиданси, вклучително прости феноли, алдехидни секоиридоиди, флавоноиди и лигнани.
Озонот е безбоен гас со карактеристичен мирис, со високо хидро-солубилна молекула која се состои од три атоми на кислород. Озонот како триатомски кислород има нестабилна молекуларна структира заради природната состојба на мезомер што го отежнува достигнувањето на високи концетрации на озон и за разлика од обичниот, или двоатомски кислород (О2) е помалку застапен во атмосферата. Електричните искри и ултравиолетово зрачење можат да предизвикаат обичен кислород да се претвори во озон. Присуството на озон понекогаш предизвикува забележителен мирис близу електрични излези.
Озонот бил откриен во 1840 година и набрзо потоа следела експанзија на научни испитување за проценка на неговите многубројните ефекти. Иако во медицината озонот се применува уште во 19-тиот век, ставовите околу користа наспорти шнетноста од третманите засновани на озон се контроверзни. И покрај поделените ставови достапни се различни третмани базирани на употребата на озон гас и неговиот терапевтски ефект врз човековото тело. Истражувањата покажале дека динамичната резонантна структура на озонот ги олеснува физиолошките интеракции при третман на различни патогени. Тој е силен антиоксидант, со изразени фезинфекциони својства, заради кои се користи во процесите на прочистување на водата, храната, потоа за елиминација на микроорганизмите од апаратите во домачинство и за стерилизација во здравствените институции.
Според Механизамот на дејство озонот потсетува на про-лек бидејќи ја модифицира својата структура по реакција со други молекули со што се создаваат нови активни супстанции односно се стимулира ендоген каскаден одговор. Од друга страна пак, озонот има способност и директно да стапува во интеракција со фосфолипидите, липопротеините, клеточните мембрани на бактериските клетки и виралните каспиди. Специфично, третманот со О3
индуцира умерен оксидативен стрес при интеракција со липидите што резултира со зголемена ендогена продукција на антиоксиданси, подобрена локална перфузија и доток на кислород како и стимулирање на имунитетот.