Озонската терапија станува вистински хит во светот, но и кај нас. Иако нејзиното дејство е добропознато, значајно е да се напоменат придобивките за кожата – особено во текот на топлите и сончеви летни денови. Кожата на лицето и телото во текот на летото, под дејство на штетните УВ зрачења станува сува, осетлива, иритирана и оштетена. Затоа, на лицето и телото му е потребна заштита и хидратација.
Уникатната формула на козметичките производи за заштита на лицето и телото под брендот на Ozone Gold се комбинација на озонирано висококвалитетно маслиново масло, надополнето со природни состојки кои се познати по своите позитивни бенефити за кожата. Уште од првото нанесување на вашата кожа, ќе забележите дека таа станува помека, поеластична и понежна.
Тоа е затоа што:
– Кремите, благодарение на комплексот за навлажнување кој потекнува од озонираното масло, хијалуронската киселина и Алое вера овозможуваат влажност на кожата до 12 часа и ја штитат од сушење поврзано со стареење.
– Кожата е заштитена и помага да се поврати нејзиниот младешки изглед.
– Алое вера ја чува, храни и заштитува кожата, формирајќи тенка обвивка.
– Интензивната формула овозможува оптимална заштита од штетните УВА и УВБ зрачења и ја одржува кожата влажна.
Летото е време за нови одлуки за себе. Затоа, ова лето одлучете да се грижите за вашата кожа само со најдоброто од природата и уживајте во бенефитите од озонот.