Анализа на д-р Сара Карнс
Бројни светски клиники со години користат озонотерапија. Се работи за интересна, но се уште недоволно позната терапија затоа што релативно мал број лекари го користат ширум светот, па многумина не ги познаваат придобивките од озонот.
Она што го прави озонот за здравјето на телото не може да се објасни со еден збор. Како агент за детоксикација, тој ги стимулира антиоксидантните системи на телото. Како резултат, телото самостојно произведува ензими како: глутатион пероксидаза, редуктаза, супер оксид дисмутаза и каталаза, давајќи одговор во борбата против слободните радикали низ целото тело. Тоа директно влијае врз бактериите, вирусите и некои видови на нездрави клетки, заштитувајќи ги човечките клетки. Едноставно речено, озонот е неоткриениот природен антибиотик достапен во природата, кој за кратко време ги уништува вирусите, бактериите и габите. Дополнително, со озонската терапија се стимулира производството на црвени крвни клетки со што овозможува висок степен на кислород во крвта, долго време по завршувањето на било кое друго лекување.
Озонот има одличен ефект кога се внесува во организмот преку озонирани масла кои се пакувани во капсули, но и локално преку креми. Интересен факт е дека за прв пат во историјата, ваквиот тип масла ги разви Никола Тесла. Кремите со медицински озон ја забрзуваат циркулацијата на крвта преку дезинфекција на површината на кожата и помагаат клетките брзо да се регенерираат, а сето тоа како резултат на високата количина на кислород. Дополнително, секојдневното користење на озонирани производи за капење, масажа, третман на кожата и косата, додаваат вредност на придобивките од терапијата.